Фантастичен начин за горење маснотии и здраво слабеење (видео)

ADVERTISEMENT

Ако сакате да ги намалите маснотиите и калориите, обидете се со интензивна обука или HIIT (High-intensity interval training).

„HIIT е фантастичен начин за палење маснотии”, вели Карена Даун, коосновач на заедницата Tone It Up, инспирирајќи ги жените низ целиот свет.

ADVERTISEMENT

„Кардио вежбите во комбинација со вежби за дефиниција го зголемуваат бројот на срцеви отчукувања и калориите се трошат и по вежбањето”.

Голем број различни вежби се од витално значење за согорувањето на маснотиите и калориите во вашето тело, вели Брас Шонфелд, стручњак за фитнес. Вејн Весткот, ко-автор на Get Stronger, Feel Younger, вели дека трошите калории дури и кога седите мирно. Лесни тренинзи или ленти за истегнување три пати неделно треба да го забрзаат вашиот метаболизам и да го намалат процентот на телесните масти за десет недели.

Прошетки

Не е сè во потењето. Освен вежби со висок интензитет неколку пати неделно треба да се практикува одење кој е еден од најдобрите начини за согорување на маснотиите.

ADVERTISEMENT

 

Избегнувајте неконтролирано прејадување

„Четири дополнителни закуски на ден значи половина килограм месечно”, вели Елизабет Сомер. „Престанете да грицкатае, јадете само кога сте гладни”.

Контролирајте ги емоциите

Емоционалното прејадување може да доведе до зголемување на телесната тежина и да ве спречи да го одржувате своето здравје, според истражувањето објавено во Journal of Disorders. Пред да почнете да јадете, запрашајте се дали сте навистина гладни, дали е само досадно или можеби сте вознемирени. Ако не сте сигурни, само напијте чаша вода и проверете дали сте гладни потоа.

Пијте доволно течности

Хидратацијата е клучна за губење на тежината. Според Скот, хроничната дехидратација може да го спречи согорувањето на вишокот калории во текот на денот. Клиниката Мајо препорачува 11,5 чаши дневно, тоа е околу 2,7 литри течност дневно.

Останете мотивирани

Запрашајте се дали некогаш сте се почувствувале здрави, среќни и силни. Побарајте слика од тоа време и закачете ја во бањата за да ве мотивирате секојдневно. На фотографијата, исто така, отпечатете дел од мотото на вашето живот, кое ќе биде вашата дневна инспирација.

Facebook Comments
(Visited 137 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT