Ова е убавицата од Чернобил – неверојатната приказна за единственото бебе родено на ова место по несреќата

Марика е единственото родено бебе во контаминираната чернобилска зона, по нуклеарната експлозија во 1986 година, откако на нејзините родители и беше забрането алтернативното сместување.

Таа сега е здрава 19 годишна студентка на универзитетот во Украина, а во детството беше на насловните страни на сите весници, како прво и единствено бебе кое е родено и пораснато во близина на радиоактивната зона.

ADVERTISEMENT

Нејзините родители беа жртви на малтретирање и беа обвинети дека ја убиваат својата ќерка, пренесува Мирор.

Марика пиела од млекото на кравите кои се хранеле на пасиштата во близина на Чернобил, и беа озрачени од нуклеарната експлозија, јадела и риба од реката Припјат, која исто така е загадена поради нуклеарната катастрофа.

Иако нејзината приказна не е опфатена во серијата за оваа несреќа, нејзината мајка вели дека луѓето во Украина веруваат дека „Марика е симбол на Чернобилската ренесанса, божји знак кој тие го толкуваат како благослов дека животот повторно се враќа во овој страшен крај“.

Нејзината мајка Лидија Совенко мораше да се бори со гласините за здравјето на нејзината ќерка. „Ако луѓето мислат дека е мутант, или има две глави, тие потполно грешат“, изјави таа во едно интервју. „Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво како што можете да видите“.

Марика денес вели дека не сака да зборува за своето минато. „Добро сум, работам. Се издржувам сама и тоа е тоа!“ изјави таа за медиумите.

Нејзините пријатели велат дека е скромна личност која воопшто не ја интересира тоа што е единствената што е родена на ова место по нуклеарната несреќа пред 19 години.

Facebook Comments
(Visited 60 times, 1 visits today)