Реклама
Наши ѕвезди

Ова е синот на Дино Мерлин: Ретко го гледаме во јавност, а неверојатно личи на својот славен татко на кој му помага на овој начин

Реклама

Познатиот босански пејач Дино Мерлин има две деца, ќерката Наида и синот Хамза, кои ретко ги гледаме во јавност.

Тие не се занимаваат со естрада, а никогаш не сакале покрај таткото да привлекуваат внимание.

Маркетинг

Хамза Дервишхалиловиќ има 28 години, се школувал во Берлин, а студирал Менаџмент и политички науки во Истанбул.

Маркетинг

Иако го нема пред камерите и фотоапаратите, Хамза е во тимот на луѓе кој учествува во сите проекти кои се поврзани со неговиот татко. Се занимава со музички менаџмент. Она што е секако интересно е колку личи на својот татко.

Дино е горд на своите деца, а за ќерката отсекогаш истакнувал дека е многу скромна, за разлика од синот, кој од мал имал листа на порачки од таткото.

– Наида е родена кога ја почнував кариерата и во детството доживеа се – од немаштија до метафорички речено, „кавијар и шампањско“. Навикната е на скромен живот, па и нејзиниот одговор на моето прашање – што да ти донесам од Париз или Њујорк секогаш беше: „Ти благодарам тато, имам се, само побрзо врати се дома“, раскажа Дино во едно интервју иако познато е дека тој не сака многу да открива за случувањата во своето семејство.

 

– Материјалното не ја интересира, за разлика од нејзиниот помал брат. Кога Хамза се роди, немавме никакви егзистенцијални проблеми и се навикна на тоа јас и Амела да му овозможуваме се што ќе посака. Кога ќе го прашам што му треба, не чека да ја завршам реченицата, туку има листа со порачки, истакна популарниот пејач.

Пред неколку месеци, наследникот на Мерлин, Хамза и снаата Џенета Табаковиќ Дервишхалиловиќ добија син, на кого му го дадоа името Незир. Детето името го доби по прадедото Незир, татко на сопругата на Дино Мерлин. Дино и неговата сопруга се пресреќни поради првиот внук, како и нивната ќерка Наида која стана тетка.

Синот на Дино Мерлин и неговата сопруга се венчаа минатата година, а нивната љубов трае уште од средношколските денови.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button