Ова е родната куќа на Јордан Митев во с. Подареш – ќеркичката прекрасна, тој се топи покрај неа
Еве што ни откри познатиот пејач за неговата наследничка, но и што велат комшиите за него
Иако може да живее во Австралија, од каде е неговата сопруга, тој парите ги вложи на имотот на кој што порасна и каде живеат неговите родители.
Нашата музичка фолк-ѕвезда Јордан Митев во октомври минатата година се оствари во улога на татко и сега заедно со својата сопруга Славица и нивната наследничка Кристина уживаат во семејниот живот.
Тие веќе неколку години живеат во Подареш, родното село на пејачот, каде што тој пораснал и каде живеат и неговите родители.
Како што многупати досега има истакнато, на Јордан на ова место му е најубаво, посебно откако се роди ќеркичката.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Тој е еден од омилените жители во ова радовишко село, а неговата куќа е една од најубавите со голем и убаво среден двор.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Ќеркичката прекрасна, а тој ужива во секој момент што ќе го помине со семејството
Оние што го познаваат за него велат дека останал оној истиот од почетокот на кариерата, само што сега, откако се оствари во улога на родител, е многу посреќен и поисполнет како човек.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Што се однесува до тоа каква е неговата ќеркичка, Јордан пред неколку недели за Гламур магазин откри дека Кристина е едно прекрасно дете кое неодамна наполни пет месеци и со секој ден е се поинтересна и им дели насмевки и убава енергија на целото семејство.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фала му на Бога се е во ред и целиот нејзин развој се одвива како што треба. Таа љубов и енергија едноставно не се опишува со зборови. Голем благослов за мене и мојата сопруга Славица, изјави тогаш Јордан.
Како изгледа неговото семејно гнездо, погледнете во продолжение, а целото интервју прочитајте го тука…