Ова е родената сестра на една од нашите НАЈУБАВИ ВОДИТЕЛКИ – и двете блескаат кога се заедно!
Оваа убава млада дама е сестра на познатата водителка Елена Стојановска-Јанковска
Водителката Елена Стојановска-Јанковска е во среќен брак со својот сопруг Огнен Јанковски со кого ја има ќерката Илина.
Како што самата има истакнато во различни пригоди, станува збор за љубов на прв поглед во која и двајцата пронашле среќа и мир. Тоа може да се забележи и од фотографиите што одвреме-навреме убавата водителка знае да ги сподели, а на кои таа е со својот партнер и кои секогаш зрачат со романтика. И тие секогаш привлекуваат внимание, посебно што станува збор за една од нашите најубави водителки која во една пригода за Гламур магазин отворено зборуваше за бракот, но и за предизвиците со кои се соочува како родител.
„Многу сум им благодарна на моите родители за се, од грижата до тоа дека вложија максимум да ни овозможат на мене и сестра ми топол дом, образование и можност да бидеме денес здрави личности“, ќе истакне Елена тогаш, споменувајќи ја својата сестра Катерина.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Имено, малкумина знаат дека Елена има родена сестра која се вика Катерина и за чина убавина исто така е сувишно да се зборува.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа иако не се занимава со јавна работа, со својата појава плени каде и да се појави, исто како и нејзината сестра.
А Елена овој пат имаше посебна причина да објави заеднички фотографии со неа која ги воодушеви и нејзините следбеници.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Имено, на Катарина и беше роденден, па Елена објави колаж од нивни заеднички моменти на кој напиша:
„Ти си најхраброто суштество мое, биди ми здрава и најсреќна, те сакам и среќен роденден“, напише Елена.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение: