Реклама
Вести

Ова е новиот министер за внатрешни работи, Тошковски заминува во правда!

Реклама

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари очекува до крајот на идната недела да се постигне договор околу идната влада. Тој на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека, владее позитивна атмосфера помеѓу работните групи на Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.

„Се надевам дека до крајот на идната недела ќе имаме завршен договор со програма на владата и со распределба на ресори, односно кој и каде ќе биде како министер. Ние како претседатели на партии сме имале две средби, понатаму интензивно работат работните групи, се надевам до понеделник ќе излеземе со заедничка програма, а до петок ќе имаме завршен договор меѓу ‘Вреди’ и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Таравари.

Тој испрати и порака до претседателот на Управниот суд кого јавно го посочи дека вршел притисок врз судиите при одлучувањето во предметите поврзани со изборните нерегуларности.

Маркетинг

Интензивно течат преговорите за новиот владин состав меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ, брифираат извори од двата политички субјекти.

Од информациите што стигнуваат во јавноста, веќе се наѕираат и контурите на новиот владин состав.

Маркетинг

Како министри од ВМРО-ДПМНЕ се спомнуваат доста блиски соработници на лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Според изворите од ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателите Тимчо Муцунски, Александар Николовски и Гордана Димитриевска Кочовска треба да ги заземат првите позиции во Министертвото за надворени работи, за внатрешни работи, односно за финансии, oткрива 24инфо.

Во МТСП и МИОА би останале досегашните Ѓоко Велковски и Стефан Андоновски, додека досегашниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски би министерувал со ресорот правда.

За коалицијата ВРЕДИ резервирани биле ресорите здравство каде би се вратил Фатмир Меџити, потоа образование и наука, култура и Министерството за животна средина.

Покрај овие четири министерства ВРЕДИ бара и спикер во Собранието (најверојатно Африм Гаши) но и околу 300 директорски места во рамки на државната управа.

Според најавите и од ВМРО-ДПМНЕ и од ВРЕДИ веќе следната недела би се знаел целокупниот состав на Владата и ако тоа навистина се случи така, тогаш мандатарот Мицкоски не би го чекал рокот од 20 дена по конститутивната седница за формирање Влада, туку можно е Влада да се избере и во истиот ден откако Собранието ќе се конституира.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button