Ова е најзгодната баба во Македонија – влезе во шестата деценија и се уште изгледа како да има минимум 20 години помалку (фото)

Водителката Сузана Турунџиева може да ја понесе титулата за најзгодната баба во Македонија.

Имено, ќерката на Сузана и Маленко, Лора, неодамна се породи и на овој свет го донесе машко дете.

ADVERTISEMENT

Па за оние кои не знаат колку години има оваа млада баба, сигурно би помислиле дека станува збор за многу помлада девојка, особено ако ги земеме во предвид нејзините провокативни изданија што ги објавува на социјалните мрежи и на кои изгледа фантастично и без ниту една маана.

Но верувале или не, Сузана оваа година наполни 50 години и зачекори во шестата деценија, а според нејзиниот изглед сигурни сме дека никогаш не би и дале толку.

Нејзината ќерка Лора (19) се омажи минатата година, веднаш по матурата, за својот избраник Филип Наунов, а од пред неколку месеци стана и мајка, така што Сузе сега ужива максимално чувајќи го своето внуче Јаков .

Таа неодамна сподели фотографија на која е со бебешка количка, а под која напиша:

„Сите најскапи коли да ги имаш, ако ваква немаш возено, не знаеш што е СРЕЌА❤️👶 Фала ти животе🙏“ напиша Турунџиева и со својата искрена порака ги воодушеви своите обожаватели на социјалните мрежи.

Facebook Comments
(Visited 2.508 times, 1 visits today)