Реклама
Наши ѕвезди

Ова е најважната личност во животот на Адријана Алачки – ужива во заедничките моменти, кога се држат за раце се топи од среќа

Реклама

Познатата македонска водителки и пејачка Адријана Алачки со години нназад ја препознаваме по нејзината емисија „Вкусот на традицијата“, која воедно е и најгледано кулинарско шоу во земјава.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Скоро и не постои жена во земјава која барем еднаш не гледала некоја од нејзините емисии.

„Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење, па жените може да научат различни традиционални рецепти подготвени од домаќинките ширум земјава со асистенција од Адријана.

Маркетинг
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

На вкусните јадења кои се подготвуваат во емисија никој не може да остане рамнодушен.

Алачки е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува и фотографии од своето семејство и работите во кои ужива во слободно време.

Маркетинг

Нејзина најголема среќа е нејзиното семејство

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Таа се труди секој слободен момент да го помине заедно со своите најсакани.

Адријана долги години беше во брак со хармоникашот Горан Алачки, а плод на нивната тогашна љубов се нивните две деца, Грациела и Благоја.

Времето поминато со нив за неа е непроценливо.

Грациела има 31 година и е магистер на економски науки, вработена во „ЦКБ банка“ а Благоја дипломираше на Правниот факултет.

ФОТО: Фејсбук

Од 2015 година, Адријана доби нова животна улога – баба.

Нејзината ќерка Грациела која е во брак со Игор Димовски стана мајка и на свет ја донесе малата Јана.

Јана ѝ носи најголема радост на пејачката.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Деновиве таа сподели фотографии од малата Јана во чиј опис напиша емотивна порака:

„Соколица на баба!

Како да го објаснам тоа, ми дава сила а ништо не ми прави, ме држи на нозе во животот а всушност ти ја држиш за раченце додека оди…чудни работи“, напиша Адријана на Фејсбук.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Пејачката често на Фејсбук споделува фотографии со Јана со кои ги воодушевува фановите, а сите имаме можност да видиме како расте убавото девојче.

По повод петтиот роденден на Јана, Алачки исто така напиша порака со која трогна многумина.

„На сонцето сонце, на блесокот оган, на ѕвездата месечина, душата како свемирот… Среќна да е… Среќе роденден Јана“, напиша Алачки на својот Фејсбук профил.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

За свадбата на Грациела и Игор се пишуваше многу. Големата свадба имаше над 300 гости, а посебен шмек и дадоа групата „Академци“ и Драган Мијалковски.

Од познатите личности на веселбата биле Ирена Спировска, Ристо Краповски и Сузе Туринџиева.

Пејачката се потсети на овие среќни моменти од животот на нејзината ќерка, па јавно им ја честиташе годишнината од брак.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

„Денот пред точно 4 години кога рекоа „ДА“. Ви посакувам драги мои деца да ви царува љубовта и да ви трае ’муабетот’. Да ви се нижат годините полни со среќа заедно со Јана и уште многу со неа. Честитки.“ напиша пејачката под фотографијата на која младенците го играат својот прв танц.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Адријана се труди секоја причина за славење во нејзиниот дом да ја овековечи со некоја фотографија, а на Фејсбук да напише емотивна порака за своите сакани.

Така беше и по повод роенденот на Грациела.

„Среќен роденден сонце мајкино.

На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував. Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно. Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек.

И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика..и тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена“, напиша Алачки и дополни:

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

„Да се има ќерка како што си Ти моја Граци е привилегија, дар од Бога, бескрајно му благодарам што толку ме награди за да почувствувам што е дете, со сите нишани. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН моја убавице.

Биди ми здрава и среќна со твоите најмили, остани скромна како секогаш, тоа ти е голем украс и многу незаборавни мигови до следниот…

Многу те сака мама!

Среќо моја, гордост моја“, напиша Алачки тогаш на Фејсбук.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button