12 годишната Моника Каримановиќ која со денови ја бараше цела Србија беше пронајдена во селото Пасјача.
Нејзиниот киднапер Нинослав Јовановиќ е во бегство.
Според неофицијални информации Нинослав се обидува да избега во Бугарија.
Девојчето беше пронајдено во селото во кое е и мајката на Нинослав.
Беше пронајдена во напуштена викендичка, и веднаш беше повикана брза помош
Како што пишува Блиц, девојчето е пронајдено откако сопственикот на викендичката влегол во куќата.
Тој го видел девојчето, но и „Малчанскиот берберин“.
Исплашен што бил откриен, берберинот скокнал низ прозорот и избегал, а сопственикот на викендичката го однел девојчето во полиција.
Објавена е и слика од куќата во која беше девојчето
Моника пронајдена премрзната и истрижена
Со акција на полицијата во текот на вчерашниот ден беше пронајдено 12-годишното девојче кое десет дена беше киднапирано од Малчанскиот бербер. Моника беше премрзната, гладна и истрижена.
На себе имаше тренерка, патики и јакна, а полицијата веднаш ја завитка во кебе и ја однесе во Клиничкиоте центар во Ниш.