Реклама
UncategorizedНаши ѕвезди

Ова е жената што ја роди Сузана Гавазова – Руса горда на ќерката, но и на внуките и зетот Јасмин Курузовиќ

Пејачката ужива во секој момент починат со семејството

Реклама

Пејачката веќе со години важи за една од најатрактивните пејачи на естрадата, а сега имавме прилика да ја видиме и нејзината мајка.

Нашата позната фолк-дива Сузана Гавазова важи за една од најзгодните дами меѓу пејачките од домашната сцена, која и по две бремености изгледа неверојатно. Таа за изненадувачки кратко време успеа повторно да ја среди линијата и да го донесе своето тело во фаза која дури е и подобра од она пред пораѓањето.

Но Гавазова очигледно никогаш немала проблем со вишок килограми, а сега можевме да видиме и од кого го наследила тоа.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Имено, пејачката која на социјалните мрежи е поприлично активна, понекогаш споделува моменти и од приватниот живот.

Маркетинг

Па така досега неколку пати има објавено фотографии и снимки од својата мајка Руса со која е поприлично поврзана.

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова

Тие и денес се речиси неразделни и таа најмногу помага околу ќерките Селена и Емили, а очигледно и со зетот има одличен однос.

Гавазова објави снимка од еден нивен заеднички ручек, а како тие изгледаа во овие интимни моменти, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Потсетуваме, Гавазова која оваа година ќе наполни 45 години своите почетоци ги имаше со групата „Пицикато“.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Како што самата во една пригода изјави, уште со првиот нивен настап на „Фолк Фест Валандово“, во далечната 1998 година, таа се прославила. И како што самата вели, во родната Струмица веќе почнале сите да ја препознаваат, но тогаш како Сузе Пицикато, именаследено од бендот со кој ќе го заработи и својот прв поголем бакшиш и со кој ќе остане да соработува уште неколку години.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Во 2004 година, и тоа повторно на валандовската сцена, Гавазова го прави својот прв соло настап и за многу брзо време станува една од најбараните и најпознатите фолк-пејачки во Македонија. Впрочем така е и денес, по две децении од тогаш, за што сведочат и нејзините бројни настапи како кај нас, така и во дијаспората, односно секаде каде што живеат нашите иселеници.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Покрај својата музичка кариера, Гавазова денес е и мајка на две ќерки кои што ги доби од ракот со Јасмин Курузовиќ.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Тие се во рак од 2014 година, а се запознаа во Шведска, каде едно време и живееја. Но набргу ќе решат да се вратат во Македонија, каде Гавазова ќе продолжи успешно да ја гради својата кариера.

И како што самата изјави во една пригода за Гламур магазин, мајчинството многу ја променило и ја направило подобар човек.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

„Како мајка сум многу посилна, поодговорна, поемотивна, комплетно подобра од сé што бев пред тоа. Голем е предизвикот една жена да се носи со сите обврски кои ги носи секојдневието, но со добра организација сé се постигнува“, изјави популарната пејачка тогаш, додавајќи дека бракот за неа е света работа, но и дека сé што е од Бога е нешто најдобро за секој човек.

Целото интервју со Гавазова прочитајте го тука

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button