Реклама
Наши ѕвезди

Ова е единствената невозвратена љубов на Јелена Карлеуша – ќе се ИЗНЕНАДИТЕ и од тоа како изгледала како невеста!

Реклама

Детали од љубовниот живот на пејачката

Фото: Инстаграм

Брачниот живот на Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ отсекогаш го привлекувал вниманието на јавноста.

Јелена и Душко имаат две ќерки, Атина и Ника, кои за свои години се поприлично познати на социјалните мрежи.

Маркетинг

Тие живеат заедно со нивната мајка во Белград, додека нивниот татко живее во Турција, каде што игра за тамошен фудбалски клуб.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Карлеуша и Тошиќ својата врска ќе ја започнат во 2006 година, додека фудбалерот играше за францускиот „Сошо“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Тој беше нејзин голем фан, но и доста упорен за да ја освои, па така се роди и силна љубов која и ден-денес гори.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Но кога на 8 јуни 2008 година пејачката ќе се омаж за осум години помладиот Тошиќ, малкумина веруваа дека нивниот брак ќе опстане. Јелена тогаш веќе беше голема ѕвезда, а Душко тукушто ја започнуваше својата спортска кариера. Тогаш тие се заколнаа на вечна љубов, а на бајковитата венчавка која беше организирана до најмал детаљ според желбата на невестата (и која според медиумите чинеше околу 100.000 евра), Карлеуша своевремено изјави:

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

„Отсекогаш сум сонувала за прекрасна, романтична венчавка, така што и беше очекувано мојата свадба да биде како од најубавите бајки на Дизни“.

Карлеуша како невеста (Фото: Принтскрин)

Инаку, Јелена пред да се омажи за Душко беше во брак со Бојан Кариќ, наследникот на империјата Кариќ.

Карлеуша и Бојан застанаа на лудиот камен на 23 септември 2004 година, но нивниот брак се распадна веќе во март следната година.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Невозвратена љубов

Малкумина се сеќаваат и дека пејачката во младоста, била лудо вљубена во еден свој колега. Таа тоа не го крие, па во една пригода самата призна дека била лудо вљубена во него на почетокот од својата кариера, кога тој бил голема музичка ѕвезда и не сакал да биде со неа затоа што била млада.

Во прашање е пејачот Жељко Шашиќ кој во тоа време беше голема фаца и сите девојки го сакаа.

Карлеуша како мала, со нејзината мајка

„Секоја љубов ми беше возвратена, се до Шашиќ, кој беше многу постар од мене, и секако, не го интересираше дете“.

Фото: Инстаграм/ Фото.носталгија

„Е, тука јас го доживеав моето прво големо разочарување, но и научив лекција – за љубовта треба да се бориш“, откри во една пригода познатата пејачка.

Како таа изгледаше како невеста, но и на почетокот од врската со Душко Тошиќ, погледнете на крајот од галеријата.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Јелена Карлеуша

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Јелена Карлеуша

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Јелена Карлеуша

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Јелена Карлеуша

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Јелена Карлеуша

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Јелена Карлеуша

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Јелена Карлеуша

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button