Ова е Алберт, најнамуртената мачка и нова ѕвезда на Инстаграм
Ако сте љубител на животни, тогаш мора да следите некои од профилите на социјалните мрежи кои сопствениците ги имаат направено за нивните крзнени пријатели.
Новата ѕведза на Истаграм е мачката Алберт која привлекува посебно внимание, но за ова милениче сигурно нема да речете дека е симпатична и мила мачка.
https://www.instagram.com/p/BriKfmZHpDL/?utm_source=ig_embed
Кој би рекол дека една мачка на социјални мрежи ќе ја следат 227.000 обожаватели.
Алберт е лута, фрустрирана мачка која се здоби со голема популарност низ целиот свет поради својот намќирест изглед и поради пораките што го остава оној кој го одржува овој профил.
https://www.instagram.com/p/BsNxloLHtWT/?utm_source=ig_embed
Самите пораки и Алберт со својот израз на лицето кои го прават намќореста мачка добиваат повеќе од стотици лајкови.
https://www.instagram.com/p/BsaqOCpnWks/?utm_source=ig_embed
Пред неколку години оваа мачка беше усвоена од страна на Мајк и Сузан Синглтон кои живеат во Америка, а неговиот дом е нивна канцеларија.
https://www.instagram.com/p/BsgBaqun5uV/?utm_source=ig_embed
Неговото име го добил по Алберт Ајнштајн, бидејќи неговото крзно наликувало на фризурата која ја носел овој научник, велат сопствениците.
Баш слатко и симпатично маченце, нели?