Во познатото шоу никогаш не е здодевно
Гледачите на „Ѕвездите на Гранд“ повторно беа изненадени со нешто што досега се нема случено во ова шоу.
Имено, пејачката Марија Шерифовиќ покажа дека во студиото на „Гранд продукција“ се чувствува како да е дома, па во последната емисија реши да дојде на снимање облечена во поприлично необично издание.
Таа на снимањето се појави во – пижами!
Но тоа како да не и беше доволно, па таа носеше и маска за очи, и во моментите кога не и се допаѓаше нешто што се случуваше на сцената, таа ги покриваше очите.
Погледнете како таа изгледаше од блиску:
Инаку Марија Шерифовиќ во последно време е во центарот на вниманието и заради својата нова линија. Имено пејачката поприлично ослабна откако е на специјален режим на исхрана, а како што самата изјави во емисијата „Премиера – викенд специјал“, досега изгубила 8 килограми.
Повеќе детали за ова прочитајте тука >>