Ова девојче денес е една од најдобрите и најпознатите водителки во МАКЕДОНИЈА! Дали погодувате за кого станува збор?!

Дали можете да го препознаете бебето на фотографијата?

Станува збор за популарната македонска водителка.
Живкица Каленикова изненади со фотографија од детството, на која позира со своето семејство.
Лесно е да се препознае дека станува збор за еа, затоа што и како бебе ги имала истите црти на лицето како и сега, но и буквално ја наследила убавината од својата мајка.

Живкица, некогаш Ѓурчиновска, денес Каленикова, ја гледаме на малите екрани уште додека беше тинејџерка.
Досега во својата кариера беше дел од многу телевизиски проекти, а најдолго се задржа на сегашната нејзина емисија „Тунел“.
Важи за една од најубавите водителки на телевизиската сцена.

За неа времето буквало како да запрело. Изгледа идентично како на почетокот на нејзината кариера.
Отсекогаш важела за зборлетста, талентирана, а и многу професионална во сѐ што прави.
Она шо се промени кај неа е секако брачниот статус.

Сега е посветена мајка и грижлива сопруга.
Водителката во рок од три ипол години на свет донесе 3 деца, но сепак може да се пофали со одлична линија. Сепак тоа не е нималку едноставно и потребен е голем труд.
За себе вели дека е голем гурман и многу сака да јаде, па затоа е потребно дополнително да се потруди околу линијата.

Таа е доста активна на социјалните мрежи каде често споделува објави и од приватниот живот, фотографии од нејзиното среќно семејство и случки од секојдневнието.
Годинава Живкица доживеа голема тага откако ја изгуби својата мајка.

Како што самата напиша на социјалните мрежи, за првпат во животот почувствувала што значи голема болка.
„Мајкичка , убавичка . Светол да ти е патот , Царство небесно , оти ти тоа и го заслужуваш. Знам дека само формата на твоето постоење е поинаква бидејќи твојата љубов и енергија ја чуствувам повеќе од кога и да е. Во овие 40 дена почуствував што значи болка и празнина , но и што значи животот . Благодарна на универзумот што баш ти Суки си наша мама и Нанче . Чувај не од горе како што не чуваше и овде, ние ќе продолжиме по патот кој ни го покажа“.
Те сакам МАМА. Засекогаш во нашите срца и мисли“, напиша Живкица.

Она што може да се види од фотографиите кои таа ги споделува на социјалните мрежи е тоа дека дефинитивно многу потсетува на својата мајка и убавината ја има наследенот токму од неа.
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова