Реклама
Новости

ОВА ГО НЕМА ВО МАКЕДОНИЈА: Како Црногорците го слават Ѓурѓовден (ФОТО)

Реклама

Денеска е еден од најголемите христијански празници од пролетниот циклус, Ѓурѓовден. Празник на природата и животот воопшто. Овој празник не го менува датумот и секогаш паѓа на 23 април според новиот грегоријански календар, односно на 6 мај според стариот, јулијански календар.

Големиот црковен и народен празник е посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец.Ѓурѓовден го празнуваат многу народи, а во некои краишта не само христијаните.

Македонците за Ѓурѓовден велат „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден” бидејќи од овој ден започнува летната половина од годината што трае до Митровден..

Маркетинг

И додека македонските куќи вчеравечер се закитија на влезните врати со зелени китки во знак на празникот, во Црна Гора денеска се слави далеку поразлично.

Маркетинг

 

Наша читателка е на одмор во Црна Гора и оттаму ни испрати фотографии и ни раскажа како си поминала на црногорска слава денеска на Ѓурѓовден.

Обичаите во оваа балканска земја се многу интересни и невообичаени за нас. Поконкретно оваа традиција доаѓа од едно семејство во градот Херцег Нови за кое Ѓурѓовден е куќна слава повеќе од половина век.

– Дедо ми ја славеше паметам, потоа татко ми ја презеде и еве јас веќе 40 години ја одржувам истата традиција, со истите обичаи – вели седумдесет-годишниот домаќин.

Домаќините се подготвуваат за куќната слава уште од четвртокот, почнуваат да прават разновидни колачиња. На големо се подготвува местото со главен акцент на пршутата. Домаќините со време неколку дена однапред ги канат гостите на ручек и на вечера. Ги делат на две групи и точно знаат кој кога ќе им дојде на слава.

Рано наутро околу 7 часот на 6 мај прв се пречекува попот. Се осветува одајата и погачката. Се е подготвено за гостите.

– Кај нас тардицијата е многу специфична, на пример во Подгорица нема ред, гостите доаѓаат на слава кога сакаат претпоставувам и кај вас во Македонија е така, а кај нас ручекот започнува точно на пладне. Гостите треба да пристигнат пред 12 часот, а од 12 почнува да се служи – вели домаќинката.

На голема свечена трпеза поставен е приборот и погача со голема свеќа која свети. Славата започнува со послужување на предјадење кое се сосотои од домашно подготвен пршут, кашкавал и крем -руска салата. Домаќинот им псолужува на секоја чинија одделно.

– Кај нас домаќините не седат со гостите, стојат и константно ги служат со храна и пијалок. Откако ќе го псолужам предјадењето чекам да видам када треба да доставам храна или пијалок – обајснува домаќинот.

Откако сите ќе завршат се собираат чиниите, приборот останува и се носи длабока чинија за супа. Се служи супа направена од домашно пиле со ориз и зеленчук.

– Ваква супа никогаш не сум пробала. Не сум сретнала некаде во Македонија некој да прави супа со ориз, навистина истресен вкус – вели читателкита.

 

Тивко е, нема музика, се разговара пристојно и ненаметливо. Целиот ручек се одвива како режиран филм. Се тече глатко и сите знаат што следи. Освен јас како Македонка која бев збунета и вчудовидена како се се случува како на филмска лента.

Откако сите ќе ја изедат супата на ред главниот пресек на славата. На ред е погачата која ја кршат четворица мажи.

По ова следува служење на главното јадење кое исто така се состои од неколку чекори. Прво на менито е варено јунешко со пире. Додека не се скрши погачата никој не почнува да јаде.

– „Почекај, стој “ ми рече госпоѓата што седеше до мене. Сите станаа, Четворицата мажи ја вртеа погачата, еден од нив кажа молитва, па следуваше здравица. „Е, сега може да се јаде“, рече госпоѓата, објаснувајќи ми дека кај нив е таков адетот – ни раскажа нашата дописничка од Црна Гора.

Домаќините и овој оброк го служат од човек на човек и секој може да си стави колку сака. Тие продолжуваат да стојат од страна и да дофрлуваат по некоја смешка.

Постои убаво расположение со симпатична отмена аура во просторијата. Никој не пие премногу алкохол и не се споменува политика, некако несвојствено за македонска слава, нели?!

Веднаш потоа следи вториот чекор од главното мени, ова се состои од деликатес кој нема каде да го пробате на друго место.

Варена пршута со зелка.

– Превкусно, сочно, интересно, никогаш не сум пробала нешто ваково, но веќе премногу се најадов. Само 13 и 30 часот, е а јас веќе сум прејадена , низ смеа додава нашата читателка. А има и уште замислете!

Домаќините само ги собираат чиниите и веднаш послужуваат со тоа што следи.

– Следно на репертоар, пробав превкусно приготвено свинско месо со пекарски компир и свежа салата, веќе немав место, но не можев да одолеам на тој мирис – објаснува таа.

 

Ми раскажаа дека прават кратка пауза, а во 18 часот ги чекаат гостите кои им се закажани за вечера. Одново се по истиот редослед започнува да тече од 18 часот.

– Се е исто само наместо супа служиме гулаш – вели домаќинката.

Специфично кај ова семејство што јас имав прилика да го запознам е тоа што тие чуваат живина, одгледуваат зеленчук и 90 отсто од храната на маса кај нив е органска, ни раскажа нашата читателка која била нивна гостинка.

– Беше околу 15 часот и на крајот како јаготка на шлагот пред мене се појави едно сочно парче торта. Ја испив и последната капка суво бело црногорско вино од кристалната чаша, се поздравив и заминав под импресии како некој толку долго време се уште успева да ги негува старите обичаи. Бев фасцинирана од нивната уиграност како семејство, како да сум во некој елитен ресторан. Едноставно не можеш да им најдеш мана, се беше совршено и добро зготвено, момент кој навистина ќе ми остане врежан во моите сеќавања. Па, така ако некој, пд Херцег Нови, некогаш ве покани на Ѓурѓовден не одбивајте да го искусите ова задоволство, но наравоучение  одете со празен стомак! 😊 Јас не сум голем љубител на месо, но на некој начин сум гурман кој сака да проба нешто ново, да ја вкусам традицијата на местото каде што сум – вели нашата читателка.

Честит Ѓурѓовден на сите што слават!

Гламур.мк е секогаш тука да ја слушне вашата приказна, искуство, интересна ситуација и да ја споделиме со нашите читатели. Ако имаш нешто интересно напиши ни на нашиот профил на Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button