За фустанот што го носеше Цеца на свадбата се уште се зборува
Посебно сега, во пресрет на новогодишните празници кога преубавиот златен фустан што познатата фолк дива го носеше кога го ожени својот син единец претставува одлична инспирација на многу дами.
Цеца прво носеше бели широки панталони и кошула со животински дезен, а потоа се пресоблече во посебна тоалета која што ја креираше познатата пејачка Марина Висковиќ која веќе некое време плови и во дизајнерските води.
Марина е горда што можеше да соработува со неа, а пред свадбата на Вељко и Богдана за медиумите изјави:
„Навистина ми е драго што Цеца има доверба во мене, јас чувствувам што сака таа. таа нема големи барања и мислам дека ќе изгледа совршено во фустанот“, а потоа пејачката откри и еден детаљ за елегантната тоалета.
„Ќе изгледа златно во фустанот“ изјави пејачката.
Погледнете како изгледаше Цеца во овој фустан, но и неколку други прекрасни тоалети од оваа дизајнерка.
.