Оваа 70-годишна бабичка реши да исчисти 52 плажи за една година и докажа дека со малку труд можеме да ја спасиме природата
Волјата и решителноста на оваа бабичка на многумина ќе им го разубави денот
Пат Смит од англискиот регион Корнвол (хугозападна Велика Британија) има седумдесет години, но полна е со енергија каква што немаат многу луѓе во своите најдобри години. Имено, оваа бабичка одбива да седи и да гледа како луѓето ја уништуваат природата. По гледање на еден документарец за загадувањето на планетата од пластика, таа одлучи да преземе нешто. Си постави цел да исчисти 52 плажи во 2018 година – секоја недела по една. И таа успеа да го направи тоа.
Кога ја слушнале и виделе што прави, на бабата и се придружиле и совесните локални жители. Таа, исто така, ја започна и кампањата „The Final Straw” со која сака да го покаже негативното влијание на пластиката врз природата. Многу ѓубре завршува во океаните и морињата и го уништува подводниот свет. Оваа бабичка даде мал придонес кон зачувувањето на природата и докажа дека многу може да се постигне кога постои волја за тоа. А кога може таа, тогаш никој не смее да има изговор дека не може…