Оваа чудесна фотографија направена во Божји храм го запали интернетот – погледнете што прави Богородица пред нозете на Исус!
Необична фотографија која е направена во еден храм во Гленвју покажува блескава фигура со височина на човек кој многу потсетува на ликот на Богородица.
Марин Кент која веќе две години секоја недела доаѓа да се помоли во овој храм овој пат како повеќето луѓе го извадила својот мобилен и сакала да го слика Пресветиот олтарски сакрамент, за да има слика за себе.
Но сликата покажа силна бела светлост која лебди во став како да клечи и да се моли покрај Пресветиот сакрамент, и како што вели Марин фотографијата не е обработувана и не е користен Фотошоп, а направена е со Ајфон.
Токму и затоа оваа жена била многу изненадена кога ја видела сликата бидејќи додека фотографирала со телефонот светлината не ја видела со свои очи.
И бидејќи Марин Кент на тоа мало место ја знаат сите, и бидејќи во прашање е обична семејна жена, веднаш и поверуваа дека ја фотографирала Мајката Божја додека се моли пред Исус. Приказната брзо се проширила во малото место кое се наоѓа во Илиноис, па репортажа направи и чикашката телевизија, „WGN-TV Chicago“, а нивниот прилог погледнете го во продолжение.
Ова не е прв пат со фотоапарат да е забележана необична светлост која наликува на Богородица. Сличен настан се случил и за време на беседите на дон Стефан Гоби кога била направена фотографија која укажува на присуството на Богородица на неговите средби, пишува Дневно.хр.