Оваа фотографија предизвика бурни реакции на социјалните мрежи во регионот – во пакување од 600 грама има само 342 грама кафе
Реакциите под фотографијата не престануваат
На Твитер се појави фотографија од пакување кафе ставено на дигитална вага. Фотографијата предизвика бурни реакции.
Имено, еден корисник на оваа популарна социјална мрежа тврди дека во пакувањето кафе кое се рекламира како 500 плус дополнителни 100 грама гратис, наместо 600 вкупно има само 342 грама. Но за жал недостига горниот дел од фотографијата, па така не знаеме за кое кафе се работи, како и тоа дали веќе е отворено и користено.
Под фотографијата пишува: „Ај што нема 600, но нема ни 500 грама. Ама ај што нема 500, туку нема ни 400 грама“.
‘Ajd što nema 600 grama?
No nema ni 500 grama
‘Ajd što nema 500 grama?
No nema ni 400 grama :-))) pic.twitter.com/KyspzwalUs— Milutin Mladjenovic (@milutin_1) November 13, 2019