Во напната атмосфера, со многу солзи, честитки, аплаузи и воздишки во Банког, се одржа селекција за Мис Универзум за 2018 година.
За најубавата жена на универзумот за 2018 година, беше избранаа Филипинката Катриона Магнаџон Греј.
Оваа 24 годишна убавица е родена во Квинсленд. Нејзиниот татко е половина Шкот, а половина Австралиец, додека нејзината мајка е Филипинка.
Катрион на Инстаграм ја следат повеќе од половина милион луѓе, и е позната како телевизиски презентер и модел.
https://www.instagram.com/p/BrbjNo5gehX/
Прекрасната бринета стана четврта Филипинка која ја освои круната во конкуренција на девојки од целиот свет.
Голема прашина се дигна оваа година и околу натпреварувачката од Шпанија, Анхела Понсе, првиот транссексуален учесник во изборите за Мис Универзум. Таа дури и не влезе во топ 20, пренесе Си-ен-ен.
https://www.instagram.com/p/BrnQhKmH8sB/
Првата придружничка на победничката е убавицата од Јужна Африка, Деми Ли Нел-Питерс, додека другата е мис на Венецуела, Стефани Гутиерез.