Оваа убавица е ќерка на нашата позната фолк-пејачка Вики Среброва: НАЈУБАВАТА насмевка во Југославија има своја нова верзија

Важеше за една од најубавите пејачки на македонската музичка сцена.

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

Пејачката на фолк-музика Вики Среброва освен по позитивната енергија и широката насмевка, пепознатлива е по своите заводливи зелени очи.

Таа беше меѓу првите познати личности во Македонија која направи естетска кoрекција на лицето и отворено зборуваше за тоа.

Вели дека и деценија после тоа таа воопшто не жали за таа нејзина одлука.

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

Годините не ѝ можат ништо, пејачката изгледа прекрасно, се уште ја има нејзината специфична убавина и зрачи со позитивна енегија.

Во времето кога таа ги направи естетските корекции на лицето, во Македонија тоа сѐ уште беше табу тема.

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

Но, и денес кога ако не секоја прва, тогаш секоја втора жена има направено на себе некакви измени, ретки се оние кои јавно и гласно би го признале тоа.

Но, Вики нема никаков проблем да признае и гордо да се носи со својата одлука.

Опеpацијата Вики ја направи во Дарувар, Загреб, пред повеќе од 10 години, во времето кога таа имаше 54 години. Естетската интервeнција и ја изврши специјалистот Бојан Игнатовски, на клиниката Аркадија, и Среброва се појави во јавност пет седмици по настанот, воодушевувајќи со својот изглед.

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

„Добив нов подбрадок, липоcукција, мали корекции кои многу ми значат. По опеpaцијата имав мали болки, но тоа не е ништо во споредба со резултатот од кој сум презадоволна. Имав среќа што бев во рацете на вистински професионалец, специјалист кој има македонско потекло и го сметам за доктор, но и пријател, и целата процедура помина во најдобар ред.

Се уште добивам комплименти за мојот изглед, што е доста значајно за секоја жена, без оглед на возраста и тоа ме радува. Естетската хирургија не треба да биде табу тема, посебно не кај јавните личности, и во времето кога се оперирав, на тоа гледав како на дел од мојата професионална кариера. Тогаш имав многу гостувања во ТВ емисии, на разни фестивали, имав премногу активности.

Би ги охрабрила сите жени кои сакаат да сменат нешто во својата физиономија, да не се двоумат, ако сметаат дека тоа ќе ги усреќи и ќе им даде поголема самодоверба во животот. Но треба да се биде реален и во очекувањата, бидејќи потребни се и генетски предиспозиции, треба да се има и природна убавина, која со помош на естетскиот зафат само уште повеќе ќе дојде до израз“, откри Вики за „Фокус“.

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

Вели дека нејзината убавина и совршена кожа сепак се и дел од генетиката. Откри дека нејзините родители, дури и на стари години имале убава и мазна кожа.

Пејачката тврди дека џабе ѝ се на жената сите естетски операции на неа, ако не зрачи сама по себе, ако не го негува позитивниот дух. Во тоа е навистина во право, самата таа е сведок за тоа. Како што и самата знае да каже, нејзиното лице е секогаш насмеано затоа што таа е секогаш расположена.. Освен козметика и нега на кожата, потребна е и нега на душата.

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

Пејачката која ги испеа „Игoре изгoре” и „Зелени очи” од бракот со фудбалерот Јосе Сребров има три деца, и тоа синовите Нико и Владо и ќерката Елена од кои има внуци.

Таа вели дека е среќна што нејзината ќерка го има наследено младешкиот изглед и нејзината насмевка.

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

Во дамнешните 70-ти години во поранеша Југославија, Вики Среброва од социјалистичка Македонија беше официјално прогласена за „Најубавата насмевка на Југославија“.

„Преубави времиња на кои често со носталгија се сеќавам, а имам и зошто, вели Вики за весникот ВЕЧЕР/vecer.press Луѓето велат, дека само мојата насмевка е безвременска, дека на моето лице ќе опстојува сè додека сум жива. Тоа го велат другите, не велам јас, самата не сум свесна за тоа, а тие другите моите пријатели, колеги, моите деца, моите внуци, тие веројатно најдобро ми ја забележуваат насмевката. Затоа со право сум ја понела таа уникатната титула, која ете, фала му на Бога сè уште ме следи секој нов ден.

Уште поинтересно е тоа дека мојата насмевка ја има наследено мојата ќерка Ели што е и природно. Штета само што сега нема пак некој таков Избор, бидејќи тврдам дека Ели би можела да се натпреварува, да ја повтори оваа убава семејна традиција“.

ФОТО: Ели Среброва/Фејсбук

Нејзина најголема утеха во ова време на пандемија се нејзините деца и внуците. Нејзиното семејство е нејзината смисла за живот. Вели дека поради целата ситуација поретко се гледале, а дека најмногу ѝ недостасува силно да ги прегрнува.

Погледнете нивни фотографии:

ФОТО: Ели Среброва/Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

 

ФОТО: Ели Среброва/Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

 

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

 

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

 

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

 

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

 

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

 

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

 

ФОТО: Вики Среброва/Фејсбук

 

(Visited 1.434 times, 1 visits today)