Оваа позната дама не старее – македонската Шерон Стоун и на обична прошетка изгледа неверојатно
Времето буквало запрело за оваа дама, па таа во секое свое издание изгледа неверојатно за свои години
Стојна изгледа фантастично и во осмата деценија.
Ликот на актеркта Стојна Костовска буди чувство на спокој и топлина во душата, кај сите кои пораснаа со нејзината глума.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Публиката ја запозна како дел од првата постава на македонските народни приказни, а огромна популарност стекна и како дел од популарната емисија Хихирику, која секое утро во недела беше неизоставен дел од секое македонско семејство.
Исто како и холивудската актерка Шерон Стоун, така и Стојна се вбројува меѓу дамите кои стареат како виното.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Витката линија и долгата црна коса и понатаму се нејзин заштитен знак.
Стојна има 79 години, но и понатаму е физички активна и посветена на физичкиот изглед.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Отсекогаш го негувала елегантниот, дамски стил и воопшто го нема променето со текот на годините.
Завршила Средно фискултурно училиште во Скопје.
Малкумина знаат дека како млада се занимавала со спорт, но и паралелно посетувала и драмска секција.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Денес ужива во пензионерскиот живот, посветена е на домот и семејството, а насмевката секојдневно го краси нејзиното лице.
Во секоја прилика е средена од глава до пети.
На својот Фејсбук профил обожава да споделува свои фотографии направени во нејзиниот дом.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Обожава цвеќиња и ги има насекаде во домот.
Стојна е пример за сите жени, дека во секоја пригода дамите треба да се трудат да изгледаат средено.
На Фејсбук сподели фотографија од својта комбинација за прошетка.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Стојна овој пат се одлучила за сако во цветно издание и тексас здолниште, кои одлично ја истакнуваат нејзината фигура.
„Убав ден, спремна за мала прошетка !!!“