Оваа медицинска сестра ќе биде казнета, а само сакаше да им го разубави денот на пациентите од коронавирус
Секој ден добиваме нови информации за актуелната пандемија од коронавирусот. Експертите се обидуваат да објаснат и да го предвидат нејзиниот тек истакнувајќи колку е важно да се почитуваат мерките за внимателност.
Тоа важи како за обичните граѓани, така и за медицинскиот персонал. Имено, медицинарите мора да носат посебна заштитна опрема и визири кога ќе бидат во контакт со заразените пациенти.
Меѓутоа , како што пренесува рускиот портал Раша Тудеј, една медицинска сестра од болницата во Тула стана вирален хит.
Имено, таа наместо во униформа, се појави во костим за капење меѓу заразените пациенти.
Медсестре из Тулы, надевшей купальник под защитный костюм, сделали замечаниеhttps://t.co/4OMCvsiXPg
К медсестре инфекционного госпиталя в Тульской областной клинической больнице применено дисциплинарное взыскание после того, как она появилась перед пациентами в ку… #Тула #ТН pic.twitter.com/gNneemIGn9
— Тульские новости (@newstula) May 19, 2020
Како што се наведува: „На пациентите тоа не им претставувало проблем, туку едноставно не можеле да одолеат, а да не гледаат во неа“.
Тамошните медицински власти ја опоменаат медицинската сестра и неа сигурно ја очекува дисциплинска мерка зошто не ги почитувала мерките од протоколот за облекување на санитарна облека и за изгледот.