Реклама
Фитнес

Оваа мама ги шокираше сите – изгледа неверојатно иако пред само неколку недели се породи

Реклама

Кети Вествуд од Фарнхам е жена бодибилдерка и мајка на четири деца, а на својот профил на Инстаграм на којшто ја следат речиси 60.000 луѓе редовно објавува моменти од сопствениот живот.

Таа неодамна се пофали со нејзиното враќање на тренинзите и тоа само неколку недели по раѓањето на четвртото дете, девојчето Бетси Роуз. Како што вели, таа веќе почнала и да се подготвува за натпреварот во октомври на кој планира да присуствува, па и да победи.

Маркетинг

„Сакам да се вратам во форма. Десет месеци не е многу време, па се вратив на дигањето тегови во петтата недела откако се породив”, објаснува оваа болдибилдерка за The Sun, додавајќи дека, дури и ако не успее да победи на натпреварот, сака да изгледа доволно добро.

Маркетинг

Таа се присети како изгледаше по раѓањето на третото дете и иако многумина се шокирани од нејзиниот изглед и формираните мускули, таа тврди дека тајната е исклучиво во упорноста. „Луѓето ме прашуваат како успевам, но работата е само во посветеноста. Претпоставувам дека сум само многу упорна кога сакам нешто да постигнам”, вели таа.

Не го крие ниту дека за време на празниците им помагала на другите новопечени мајки да се вратат во форма, и објасни дека во целата приказна најважна е да се има мотивација, која најчесто ни недостига на сите нас.

За почеток, неопходно е да се натерате да станете од каучот

„За почеток треба да се натерате да станете од каучот. Кога ќе го направите ова, навистина ќе добиете енергијата и на крајот ќе се вратите дома, ќе се чувствувате многу подобро и ќе бидете спремни повторно да се соочите со светот”, вели Кети.

И, ако мислите дека оваа мајка со спорт се занимава од нејзините млади денови, тогаш сте далеку од вистината. Имено таа била на 33 години кога за прв пат стапнала во теретана, а целата приказна започна дури откако нејзиниот најмлади син почнал да оди во градинка. И како што вели, и било потребно нешто за да ја извади од дома.

Потоа се заљубила во дигање тегови, и дури по некое време сфатила дека вежбајќи добила и мускули.

https://www.instagram.com/p/Bsu0jSdHdyo/?utm_source=ig_embed

 

„Тоа ме натера пред самата себе да ставам предизвик и да видам колку мускулеста можам да станам“, вели таа. Од тогаш, оваа мама го користи секој момент за вежбање. Кога ќе оди во парк со нејзините деца, на фудбалски тренинг или на било кое друго место, тоа воопшто не е важно, бидејќи Кети секогаш го пронаоѓа својот начин да вежба. Идејата да се занимава со фитнес и да се натпреварува и ја дал нејзиниот брат, а и покрај тоа што на почетокот се противела на ова, на крајот решила да се пријави и на првиот натпревар, за кој иако не се спремала, го освоиле петтото место.

https://www.instagram.com/p/Bfp4CmkhGjT/?utm_source=ig_embed

 

На еден таков натпревар пред три години во Мајами ја освои титулата Фитнес модел на годината како и нејзината омилена титула – Фитнес мама на годината.

https://www.instagram.com/p/BkN4jB6Bj1m/?utm_source=ig_embed

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button