Оваа Македонка со својот шарм освојува на прв поглед – погледнете колку е висока, ќе се изненадите!
Важи за една од најубавите дами којашто сите ја знаеме од нашите мали екрани, но оние што ја виделе во живо се изненадени од нејзината височина
Оваа дама никого не остава рамнодушен
Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ јавноста ја запозна со емисијата „Тротоар“ која пред неколку години беше хит на нашите телевизии.
По завршување на овој проект, Ведрана едно време живееше во Холандија, но пред неколку години се врати во Македонија.
Таа на малите екрани се врати со емисијата „Голден карпет“ која се емитува на Канал 5 телевизија, која што ја водеше неколку сезони.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Таа тогаш со својот шарм и насмевка од милион долари ги воодушеви сите, а денес тоа го прави и на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Имено, Ведрана денес е поприлично активна на Инстаграм и речиси секојдневно споделува фотографии, а деновиве откри и како изгледаше како невеста на интимната венчавка од пред неколку недели.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Таа блескаше како принцеза во венчаницата што ја носеше, но и на сите останати фотографии што ги споделува на својот профил.
Но тоа воопшто и не треба да не чуди ако земеме во предвид дека Ведрана својата кариера ја започна како манекенка и модел.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Таа прв пат на модна ревија се има појавено на своја 17-годишна возраст и досега се има појавено во бројни реклами и каталози.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Но Ведрана со својот шарм и денес плени каде и да се појави, воодушевувајќи ги сите со своите стајлинзи и природна убавина.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
И нејзиното тело се уште има манекенска градба и мами воздишки, а импонира и нејзината висина од 183 сантиметри. Токму затоа каде и да се појави не може да помине незабележано, посебно кога ќе облече високи потпетици и фустан со кој ќе ги истакне своите нозе, изгледајќи поприлично повисоко од останатите околу себе.
Потсетуваме, Ведрана неодамна го изговори своето судбоносно ДА и му се заколна на вечна љубов на ди-џејот Ендру Мелер.
Повеќе за ова прочитајте тука…