Оваа Македонка и на прагот од осмата деценија изгледа неверојатно – блеска како и во најдобрите денови
Познатата актерка што сите ја памтиме по Македонските народни приказни во топ есенско издание
Отсекогаш била убавица, па и сега плени со својата убавина
Нашата позната актерка Стојна Костовска отсекогаш била убава, а и на свои 69 години плени со својот одличен изглед.
Таа следната година ќе го прослави својот 70-ти роденден, а на изгледот можат да и завидуваат и многу помлади дами.
Впрочем тоа може да се забележи и од нејзините последни фотки што ги сподели на Фејсбук и со кои ги изненади сите.
Фото: Фејсбук/ Стојна Костовска
Актерката која што сите многу добро ја памтиме по Македонските народни приказни позираше расположена и насмеана, а покрај тоа што изгледаше прекрасно, таа изненади и со својот стил.
Фото: Фејсбук/ Стојна Костовска
Имено, таа носеше светло сини фармерки во комбинација со кафеав џемпер и тренди капут во слична нијанса.
Фото: Фејсбук/ Стојна Костовска
Костовска косата ја подигна и врза во пунџа, покажувајќи го своето убаво младолико лице на кое носеше очила.
Фото: Фејсбук/ Стојна Костовска
Таа целото издание го зачини со кафеави детали – чизми, кожни ракавици и чанта, а носеше и марама во сива нијанса.
Фото: Фејсбук/ Стојна Костовска
Како изгледаше оваа прекрасна дама во ова свое есенско издание, погледнете во продолжение…