Оваа Македонка изгледа топ и во петтата деценија, но погледнете каква убавица беше во минатото
Еве како некогаш изгледала пејачката Адријана Ацевска
Пејачката денес плени со својот шарм каде и да се појави
Нашата позната фолк-пејачка Адријана Ацевска (41) отсекогаш важела за дама што остава без здив, но многумина денес нема да ја препознаат на нејзините снимки и фотографии од почетокот на кариерата.
Таа тогаш се шминкаше и се облекуваше на многу поинаков начин, така што изгледаше многу поразлично од денес.
Пејачката повеќе од две децении е на јавната сцена, а нејзиниот приватен живот отсекогаш ја интригира јавноста.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
За неа малкумина знаат дека кариерата ја започнува со забавна музика, а голема популарност доби со песната „Кеш“ за која вели дека е духовита и снимена со цел да го расположи народот и да му ги тргне лошите мисли. Токму заради оваа песна таа денес е позната и како Адријана Кеш, а ова уметничко име никогаш не и пречело.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Таа денес важи за негувана дама која се грижи за својот изглед, но и која е свесна за впечатокот што го остава кај посилниот пол.
Пејачката во својот роден град Битола важи и за голема хуманитарка, а досега се има појавено на бројни хуманитарни концерти. По секоја турнеја надвор од земјава задолжително донира пари за оние на кои им е најпотребна помош, но овие информации никогаш не ги истакнува, а ги знаат само нејзините соработници и најблиски.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Беше и остана дама што освојува на прв поглед
Таа привлекува внимание откако се појави на сцената, а од самиот почеток ги остава сите без здив заради својот изглед.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Неколку изданија од нејзиното минато погледнете во продолжение…