„Оваа кашлица е страшна“: Ѓорѓе Давид се јави во живо од болница, погледнете како изгледа
Ѓорѓе Давид преку социјалната мрежа Инстаграм објави дека ги добил резултатите од тестирањето и дека е позитивен на коронавирусот.
Веднаш потоа тој објави и видео за своите симптоми, напоменувајќи дека ова му е првпат во животот да заврши во болница:
„Вака… Воспаление на белите дробови, страотно кашлање. Температура, тука и таму.. што да кажам. Дефинитивно данок за несериозноста. Го враќам филмото како и што, во секој случај тешко дека мене во животов ми се случувале болести. Ова ми е првпат во животот да сум во болница. Што значи дека некој кој е со силна конституција и добро здравје, предобро може исто да закачи ваква работа.. тогаш мислам дека сите луѓе треба да бидат свесни дека тоа навистина на секој може да му се случи“, изјави рокерот, борејќи се за здив во изјава за српската телевизија.
Đorđe David pod maskom za Prva TV: Prvi put u životu sam u BOLNICI! pic.twitter.com/WI2RXioewD
— Babica Travica (@BabicaTRAVICA) March 26, 2020
Маркетинг
„Ако на почетокот мислевме дека ова е претерување со полицискиот час, со вонредната состојба… јас сум жив пример дека тоа е единствено правилно во овој момент. Ги повикувам сите пријатели кои ми дадоа поддршка, бендот, Сташа, Ана, своите колеги од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Поповиќ – ви благодарам. Ќе го преживеам и ова, ама навистина не ми требаше. Чувајте се луѓе, останете дома“, заклучи Ѓорѓе Давид од болница и под заштитна маска.