Оваа згодна русокоса дава 5000 долари на оној кој ќе ја запознае со идниот сопруг: Подготви список- еве што треба да поседува вистинскиот маж за неа!
Ив бара момче со кое ќе биде до крајот на животот...
35- годишната Ив Тајли- Кулсон од Лос Анџелес е сама пет години и сега бара сопруг преку социјалните мрежи.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
Таа отворено зборува дека во денешно време е многу тешко да запознаеш некого.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
„Момците повеќе не им приоѓаат лично на девојките, а повеќето од нив не бараат ништо сериозно. Затоа верувам дека во денешно време вреди да се платат 5.000 долари за сопруг што некој ќе го предложи, кој ги исполнува моите потреби и е подготвен за вистинска врска“, објасни таа.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
Сепак, постои листа на услови кои кандидатот мора да ги исполни. Првата е дека кандидатот не смее веќе да е во брак.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
Таа истакна дека е подготвена да плати 5.000 долари на оној што ќе и помогне да ја најде сродната душа.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
„Пред извесно време сфатив колку сум уморна од излегувањето и барањето на „оној“, па им реков на пријателите дека ако ме запознаат со мојот иден сопруг, ќе им дадам 5.000 долари“, изјави таа за „The Post“.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
Откако пребарувањето не даде резултати, таа одлучи да ја прошири понудата на пошироката публика објавувајќи ја на TikTok во јуни.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
Видеото набрзо стана вирално и собра повеќе од половина милион прегледи.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
Агентите за запознавање почнале да контактираат со неа и и презентирале околу 30 потенцијални кандидати со надеж дека ќе добијат награда.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
„Сè уште не сум отишла на ниту еден состанок“, откри таа, додавајќи дека посредниците се „екстремно мотивирани“ да и помогнат.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
Секако таа има и свои услови кои ги бара од потенцијалниот иден сопруг.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
„Тој мора да е на возраст меѓу 27 и 40 години, 1,8 метри или повисок, да има британска смисла за хумор и силен афинитет кон спортот, животните и децата“, откри таа и додаде дека списокот на барања е сосема реален.
фото инстаграм/Ив Тајли- Кулсон
5.000 долари ги добивате штом го потпишеме изводот за брак, но не порано“, ја заклучила својата понуда.