Нејзиното тело изгледа беспрекорно
Атрактивната блогерка Љупка Митрова која важи за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи и ова лето ужива со полни гради.
И покрај тоа што и беше хакнат профилот на Инстаграм, таа за кратко време успеа да го врати назад, и веднаш ги почести фановите со серија фотографии од кои застанува здивот. Имено таа веќе одамна ја започна сезоната за бањање и објавува фотографии на кои позира во бикини.
Во интересен костим за капење во жолта боја Митрова позираше покрај базенот, а нејзиното атрактивно тело ги привлекуваше погледите и воздишките на оние што во тој момент беа во нејзина близина.
Како оваа заводлива мама изгледа додека си ги полни батериите и ужива во сонцето, погледнете во продолжение.
Таа е мајка и има две ќерки, и важи за една од најатрактивните Македонки на Инстаграм. Токму затоа и има преку сто илјади фанови на оваа социјална мрежа. Покрај фотографиите на кои позира во атрактивни костими за капење, таа редовно ги објавува и своите модни комбинации, а како изгледа нејзиниот стил и какви парчиња најчесто „фура“ оваа млада дама погледнете во продолжение.