Оваа жена некогаш го имаше најдоброто тело на планетата, а и денес, на 50 години, изгледа како божица во овој костим за капење
Некогаш доминираше со модните писти, а креаторите и денес ја викаат за да ги рекламира најпознатите брендови.
Хелена Кристенсен отсекогаш внимавала како изгледа, а и се уште ги практикува своите стари навики што ги покажа на нејзините најнови фотографии на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BvvP6M0A45-/?utm_source=ig_embed
Имено Хелена позираше во еднонеделен костим за капење со кој ги истакна своите долги нозе и тенката половина.
Версаче своевремено за неа има кажано дека го има најдоброто тело на планетата. Во 1986 година Хелена беше прогласена за мис на Кралството Данска, а беше и една од најпознатите ангели од екипата на Викторијас Сикрет.
Во една пригода има изјавено дека никогаш не била на диета и дека имала среќа што има добар метаболизам.
Со спорт почна да се занимава дури во триесеттите години, а денес тоа ја одржува во форма и и’ дава енергија.
https://www.instagram.com/p/BvF33pUgjdp/?utm_source=ig_embed