Оваа жена му го украде срцето на Бобан од Македонија што победи во ПОПУЛАРНОТО музичко шоу – и таа е професорка и пејачка!
Бобан своевремено се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, но многу поголем успех постигна во најпопуларното музичко шоу за ветерани „Никогаш не е доцна“.
Бобан Цаневски од Скопје кој инаку е професор по историја, љубовта кон музиката ја наследил од својата мајка.
Тој во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ беше еден од победниците, според СМС гласовите од публиката.
Бобан во финалето влезе со песна од Аки Ракимовски, а откако ја освои ласкавата титула на социјалните мрежи напиша:
„Драги мои, едноставно немам зборови со кои може да се опише ова чувство и овие емоции. Најнапред едно огромно БЛАГОДАРАМ на сите мои пријатели, роднини, колеги кои веруваа во мене уште во самиот старт и гласаа за мене.
„Оваа победа ја делам со тебе, Македонијо и ви ветувам повторно ќе ве радувам со успеси. ВЕ САКАМ СИТЕ!!!“
Инаку Цаневски во една од претходните емисии на сцената се појави и со својата сопруга, со која танцуваше пред публиката и никого не остави рамнодушен.
Тој тогаш настапи со песната „Остани“ од Горан Каран на која го одиграле првиот танц со сопругата на венчавката.
Сопругата Анета која по професија е професорка по македонски јазик и поранешна пејачка, тогаш на сцената излезе на иницијатива на водителот Жика Јакшиќ, со што Бобан имаше уште поголема мотивација за пеење.
По оваа песна Бобан приреди уште еден спектакл во истата емисија, кога заедно со сопругата, но и ќерката Ивана и синот Андреј ја изведоа песната „Елено ќерко“, и кога нивниот настап беше проследен со големи овации.
Инаку Бобан во една пригода откри дека токму синот Андреј го пријавил за шоуто и тоа без негово знаење.
Синот на Бобан свири на гитара и е дел од неговиот бенд со кој настапува низ рестораните и клубовите во Скопје.
Како изгледаше нивниот заеднички настап, но и танцот со кој се присети на венчавката од пред 20 години, погледнете во продолжение…
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна