Реклама
Новости

Оваа жена и на свои 60 години изгледа како да има 20 – раскошна убавица што остава без здив (фото)

Еве што прави познатата актерка за да изгледа вака

Реклама

Лидија Вукиќевиќ (60) која се прослави со улогата на Виолета Попадиќ во серијата „Подобар живот“ и во седмата деценија од животот изгледа речиси исто како и тогаш, кога се снимаше серијата.

Таа отсекогаш привлекувала внимание со својот изглед, а на многумина оваа жена им изгледа како воопшто да не старее.

Што се однесува до нејзиниот изглед, таа вели дека не држи диета и дека користи неколку трикови што и помагаат да биде во форма.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Како што самата открива, на спиење никогаш не оди без крема за лице и тело, а во слободно време од шминка користи само пудра, кармин и руменило. Таа исто така и не пие и не пуши, и веќе со години води исклучиво здрав живот и здраво се исхранува.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

И за разлика од многу нејзини колешки, кои својата форма ја одржуваат во теретана, таа вели дека никогаш не го правела тоа.

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Имено, Лидија први вежби дома и тоа е дел од нејзиното секојдневие, како што вели самата, скоро цели две децении.

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Таа прави стомачни и грбни и тоа вкупно трае пет минути, а ги прави во било кој период од денот, кога е расположена за тоа.

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Што се однесува до исхраната, Лидија признава дека отсекогаш се хранела здраво и дека никогаш не јадела на сила нешто само затоа што е здраво, туку исклучиво го наслушува својот организам и се води по тоа.

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Од исхраната го има исфрлено глутенот, местото и благото, а омиленото смути го прави од млеко од ориз, бејби-спанаќ, киви, банана, грчки јогурт и мед. Во блендерот најпрво го става млекото, потоа додава спанаќ, киви, банана и на крај лажичка од грчкиот јогурт и лажичка мед.

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Емотивниот живот на Лидија

Потсетуваме, убавата актерка веќе некое време ужива во љубовта со 10 години помлад сликар од Италија, а неодамна откри и детали од нивната емотивна врска и како успеваат да ја одржат љубовта на далечина.

„Се гледаме повремено. Ја сакам љубовта на далечина, никогаш не ви е досадно, секогаш ви е убаво. И секој пат кога ќе се видиме како да е прв пат“ изјави неодамна Лидија, па го додаде и следново:

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

„Кога сте постојано заедно, многу работи се откриваат, на површина излегуваат и нешто што можеби не би сте го сакале. Навиката ја убива љубовта“.

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

„Кога партнерот ќе ми стане како брат, време е за заминување“, изјави Лидија во една пригода.

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

„Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за ова поднебје. Живеев со години во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека овде најмногу ми се допаѓа. Можам да патувам, но секогаш се враќам затоа што тука се чувствувам најдобро“ рече таа во интервју за Glory.

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button