Оваа еластична бабичка има 93 години, а прави чуда на разбој – ќе ве воодушеви со нејзините гимнастичарски способности
Германката Џоана Куас е најстарата аматерска гимнастичарка во светот, и покрај фактот што има 93 години (да, да, убаво прочитавте), таа лесно ги изведува гимнастичките акробации кои ја воодушевуваат публиката.
Иако оваа година таа ќе наполни 94 години, оваа гимнастичарка сеуште се натпреварува на аматерски натпревари, каде што ја покажува својата фитнес вештина и способност со која ги воодушевува сите. Од 13 септември 2012 година, Џоана Квас влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстара гимнастичарка на светот.
https://www.instagram.com/p/BWRkE96ATfG/?utm_source=ig_embed
Тренирала ракомет
Нејзината приказна со гимнастика започнала кога имала 9 години , а за прв пат настапила на натпреварот во 1934 година во Германија. По завршувањето на војната, гимнастиката била забранета во нејзината земја, и бидејќи преферирала тимски спорт, се префрлила на ракомет и со својот тим го освоила Источногерманско првенство во 1954 година.
https://www.instagram.com/p/uG7KaEQuxy/?utm_source=ig_embed
На 57-от роденден нов почеток
По успехот во ракометот, Џоана се омажила и родила три ќерки. Иако тренираше друг спорт, таа не можеше да ја заборави својата прва љубов и одлучи да стане тренер на млади гимнастичари, а забраната за гимнастика во нејзината земја беше укината во 1947 година. На возраст од 57 години , поточно во 1982 година, се сретнала со двајца стари пријатели (помлади од неа 4 и 5 години) и решила повторно да почне да практикува гимнастика и да се натпреварува професионално. Таа година Џоана освои многу регионални натпревари. Досега успеала да донесе 11 медали од спортските првенства во Германија, кои се одржуваат на секои пет години.
https://www.instagram.com/p/BNSTkpyDiC_/?utm_source=ig_embed
За неа најважен момент е кога победила на натпреварот за гимнастика на 84 години, а ниту еден натпреварувач не бил на нејзина возраст. Потоа таа беше ставена во групата натпреварувачи од 70 до 75 години.