Реклама
Вирално

Оваа европска земја реши да го заостри системот за странци – НЕМА повеќе лесни пари

Реклама

Неверојатен случај

Профимедиа/ Илустрација

Еден 74 годишен Хрват заедно со неговата три години помлада сопруга цели 24 месеци примале австриска пензија и додаток кој што треба да го имаат само оние што живеат во Австрија, иако тие за тоа време биле во Хрватска.

Полицијата ги проверувала неколку пати, па бидејќи не биле пронајдени на адресата во Австрија што била оставена во документите, против нив била поднесена кривична пријава. Сега би можеле да се соочат и со затворска казна, а на државата треба да и вратат неколку илјади евра.

Маркетинг

Поради ваквите случаи, австриската влада најави дека ќе го поостри системот, а тоа најмногу ќе го почувствуваат оние кои добиваат социјална помош од градот.

Од сега ќе има поригорозни мерки и за контрола на детскиот додаток како и надоместоците за невработените, кои во Австрија ги користат преку десет илјади Хрвати, а тоа беше и главниот мотив за ограничување на пазарот на трудот на хрватските државјани во оваа земја.

Маркетинг
Профимедиа/ Илустрација

Сепак, од 1 јуни се менува и ваквата мерка, па и ова ограничување ќе го нема.

Имено, и на Австрија ИТНО и се потребни работници, и тоа најмногу од Балканот, па така неодамна беше објавена и детална листа со 54 дефицитарни занимања

Министерството за труд на оваа земја состави дури и листа за вработување на странски квалификувани работници и нацрт за Уредба за барани професии за 2020 година (Fachkräfteverordnung 2020) со која се дефинира побарувачка на работници во одредени занимања и можност за вработување на работници од земјите кои не се дел од ЕУ.

Оваа уредба важи за сите државјани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои имаат завршено средно училиште со едно од дефицитарните занимања, а сакаат да работат во Австрија.

Оваа листа стапи на сила од 1 јануари 2020

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button