Оваа докторка која ја победи короната упати важна порака до младите мажи: Ако имате температура веднаш…
На работа во Клиниката за неурохирургија при Клиничкиот центар на Србија на позицијата началник за неуроонкологија повторно се врати д-р Даница Грујичиќ, после оздравувањето и опоравувањето од коронавирус.
Докторката се врати на работа и имаше порака за младите луѓе, пред се за мажите.
Таа рече дека од коронавирус се заразила на погреб каде имало голем број луѓе на мал простор кои не држеле дистанца и често ги ваделе маските.
Таа рече дека во претходниот период во Србија биле заразени поголем број млади мажи, а некои од нив биле на респиратор, поради што им упати важен совет.
„Мојот совет до младите мажи е дека кога ќе почувствуваат мала температура, иако тоа може да биде обична настинка, мора да мислат на ковид. Се утврди дека згрутчувањето на крвта однело најголем број животри, а лекарот ќе ви рече дека мора да пието фраксипарил или некој друг лек за разредување на крвта“, рече Грујичиќ.
Истакна дека е многу важно да се носи маска, да се одржува хигиена, но и дека кон ова ригорозно треба да се придржуваме уште месец два“.
„Следната година мислам дека ова ќе биде обичен грип. Многу е важно да се има добар имунитет. Многу голем процент на луѓето беа без никакви симптоми, се надеваме дека достигнуваме имунитет, ако не се појави некој нов ковид-20“, рече доктор Даница Грујачиќ.