Оваа девојка во 80-тите беше избрана за најубава жена во Југославија, а и денес во шестата деценија изгледа неверојатно
Можеби ќе се сетите на неа!
Поранешната Мис на Југославија Ана Сасо важеше за една од најубавите жени на нашите простори, а оваа ласкава титула ја освои во 1982 година.
Публиката од поранешна Југославија ја памти по култната реклама во која со мокра маица излегува од море, истакнувајќи ги бујните облини, а и денес три децении подоцна, оваа преубава манекенка изгледа совршено.
Живее во Сплит и редовно споделува фотографии на социјалните мрежи, а не ретко и од оние на кои е во костим за капење.
„Со големо задоволство велам дека по четириесеттата конечно сстанав задоволна од самата себе. По сите подеми и падови и бројни искуства и – и позитивни и негативни, – еволуирав во секоја смисла. А ме надополнува и духовноста. Тоа денес ме прави да се чувствувам презадоволна“ изјави Сасо пред неколку години во своето интервју за „Глорија“.
Убавата Хрватка позната е по бурниот и неславен емотивен живот – два пати застануваше на лудиот камен, но и двата брака завршија неславно.
Беше во брак со кралот на ноќниот живот во Сплит, Ненад Баре Теклиќ, кој во период од три децении беше сопственик на десетина најдобри кафулиња и клубови во Далмација. Нивниот брак не успеа на долги стази, а Реклиќ го изгуби животот во сообраќајна несреќа во 2014 година.
Потоа ни нејзиниот брак со адвокатот Игор Францески исто така не успеа. Две години по разводот од Сасо, Францески, кој важеше за познат сплитски шармер, беше уапсен бидејќи во неговиот стан девојките од една организирана група се занимавале со најстариот занает на светот.
Но по се изгледа Ана сепак по турбулентниот период успеа да го пронајде своето мирно пристаниште – манекенката повеќе од една деценија, како што пишуваат хрватските медиуми, е во врска со докторот Хрвоје Томашевиќ.