Оваа дама ја има најубавата насмевка на нашите мали екрани – кога ќе се насмее, блеснува и на тоа НИКОЈ не може да остане рамнодушен
Титулата за најубава насмевка на нашите мали екрани оди кај оваа прекрасна дама
Кога водителката Ирена Спировска ќе се појави на екраните, никој не може да остане рамнодушен. Насмевката е важен дел од нејзината убавина, и покрај косата која и е заштитете знак, и во нејзината ведрина се крие несекојдневен шарм со кој ве освојува на прв поглед. Но покрај насмевката не е важно и само да сте убави. За да блескате во животот, мора и да сте искрени и добронамерни, и страстни и шик, а ова прекрасна жена едноставно како да зрачи и блеска со позитивна енергија кога и да се појави пред камерите и притоа на сите ни го разубавува денот со нејзината појава.
Нејзината насмевка е „од срце“ и вреди да биде пофалена.
Впрочем како и на сите други жени кои на еден или друг начин го разубавуваат нашиот медиумски простор. Без разлика дали се мајки, девојки или жени во години, со богато искуство и белези на себе што ги носи животот…
Едноставно некои го имаат тоа во себе и им се може. И ние во иднина ќе се обидеме почесто да пишуваме за нив.
Бидејќи тие тоа го заслужуваат.