Оваа група луѓе никако нема да смеат да ја примат новата вакцина: Пет работи кои мора да ги знаете за неа
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија ја регистрирала вакцината против коронавирус. Тој рече дека руското министерство за здравство ја одобрило вакцината која ја примила и неговата ќерка.
Дистрибуцијата на вакцината на групите на кои им е најпотребна ќе почне наскоро, а во поширока употреба ќе се појави малку подоцна.
Колку долго ќе не заштитува?
Вакцината ефикасно може да штити од коронавирус две години по примањето.
Тој период на заштита се должи и на вирусните вектори – безопасни хумани аденовируси кои претставуваат дел од вирусот САРС-Ков-2 го присилуваат човечкото тело да формира имунолошки одговор на него.
Како се прима?
Вакцината се состои од две инјекции кои се спроведуваат во интервал од три недели.
Регистрацијата на вакцините е извршена по низа тестови спроведени врз животни и две групи од 38 доброволци. Така Русите успеаја да докажат дека вакцината е безопасна и ефикасна во создавањето на имунитет на коронавирус.
Кој ќе може да ја подготви?
Лицата меѓу 18 и 60 години кои немаат алергиски реакции на компонентите на вакцината и не се бремени, можат да ја примат новата вакцина.
Меѓутоа, оние кои страдаат од респираторни болести ќе мора да почекаат да оздрават пред да бидат имунизирани.
Кој прв ќе ја прими?
Вакцината произведена во Институтот Гамалеја пред сѐ ќе се дистрибуира до медицинските работници кои работат во ковид одделенијата, а на пошироката јавност треба да ѝ биде достапна дури од 1 јануари 2021 година.
Вакцината е регистрирана како Gam-Covid-Vac, а ќе се дистрибуира под името „Спутник Б“.
Како е можно да биде готова за толку кратко време?
Според зборовите на заменик директорот на Институтот за истражувачки работи Гамалеја, д-р Денис Логунов, истражувањето на вакцината почна во февруари годинава, а завршено е две недели подоцна. За вака брзиот развој на вакцината се заслужни претходните истражувања за МЕРС кои многу помогнаа да се создаде вакцина за ковид-19.