Реклама
Наши ѕвезди

Оваа Гранд ѕвезда можеше да ја наследи Цеца, но заради љубов ја изгуби КАРИЕРАТА – Саша Поповиќ најмногу вложи во неа, но …

Реклама

Многумина беа убедени дека пред неа е сјајна кариера

Фото: Принтскрин

Еден од најмоќните и најбогатите луѓе на јавната сцена на целиот Балкан е директорот на „Гранд продукција“ Саша Поповиќ кој заработи милиони евра и промовираше голем број ѕвезди на овие простори кои денес му се благодарни на своите успешни музички кариери.

Поповиќ своевремено изјави во која пејачка најмногу вложувал верувајќи дека благодарение на својот глас ќе ја наследни Светлана Цеца Ражнатовиќ, но зарад сплет на околности, тоа за жал не се случи.

Маркетинг

„Најмногу очекувавме од Тања Савиќ. Таа е една вонсериска пејачка. Прекрасна, убава, млада девојка која во Ѕвездите на Гранд се појави на свои 19 години. Пејачка која сигурно можеше да ја наследи Цеца Ражнатовиќ и која на почетокот од кариерата имаше вистински хитови. Ние ги избиравме песните за неа и ја водевме нејзината кариера. но, сплет на различни околности доведе до тоа едноставно да ја нема. Мислам таа е тука, но не е тоа онаа Тања Савиќ за која мислевме дека ќе биде врвна ѕвезда“, објасни Саша Поповиќ.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

Инаку, Тања во последно време поминува низ вистинска агонија заради нејзиниот сопруг Душан кој ги однесе нивните деца во Австралија.

Маркетинг

Тој не и дозволува да ги види своите деца, па таа мораше да го пријави случајот на надлежните институции.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

Проблеми во бракот

Веќе со години се шпекулираше дека бракот на Тања со Душан Јованчевиќ е на лабави нозе, а неколку пати се пишуваше и дека се разведуваат.

„Ништо во животот не е лесно. Но, повторно мислам дека сè е нормално, па дури и да се има недоразбирања и лоши моменти во бракот, сè е добро додека се сакате со партнерот. Повторно ќе истакнам, љубовта ќе го смени светот, така што во мојот брак секогаш преовладува љубовта која што ги надмина сите тешкотии и сите недоразбирања“ велеше познатата пејачка пред неколку месеци, очигледно се уште обидувајќи се да го спаси бракот заради кој ја ризикуваше и својата кариера. Но ситуацијата тргна во многу лоша насока, а откако нејзиниот сопруг ги однесе децата во Австралија, таа реши јавно да сподели низ каква болка поминува.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

„Мајките никогаш не се сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да размисли двапати, еднаш за себе и еднаш за своето дете. Мајката го разбира и она што детето не го кажало. Кога бевте бебиња и на педа од мене, ве покривав со ќебиња за да ве загреат во студените ноќи. Сега кога сте далеку од мене, ги собирам рацете и ве покривам со моите молитви“, напиша Тања во една од своите бројни емотивни пораки што ги напиша во изминатиов период и со кои ги растажи сите.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button