Оваа вежба многу жени ја мразат, а Кејт Мидлтон благодарение на неа го одржува телото во форма и изгледа беспрекорно
Кејт Мидлтон телото го одржува со строг режим на вежбање.
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон има строг режим на вежбање до кој се придржува за да изгледа занесно.
Таа и покрај тоа што е мајка на три деца, се уште изгледа фантастично, но покрај генетиката за тоа се виновни и редовните тренинзи од кои убавата војвотката не се откажува. Таа посебно се интересира за спортските активности, што можеме да го видиме и од нејзините активности, а познато е и дека за време на подготовките за венчавката со принцот ја држеше популарната Дукан диета.
Кејт нема личен тренер и вежба дома секојдневно. Од кардио-вежбите најмногу сака трчање, а тренинзите кои се за сила секогаш ги прави дома. Секогаш кога има шанса таа пронаоѓа време да трча и така ја одржува својата кондиција, пишува весникот „Дејли стар“ (Daily Star).
Нејзината омилена вежба за рамен стомак е вежбата што многумина ја мразат – планк. Во прашање е вежба која им дава силна на мускулите и која има три начини на изведување – основен, страничен и пропаѓање.
Таа секоја од овие вежби ги прави најмалку по 10 пати и тоа во траење од минимум 45 секунди.
Порано медиумите пишуваа дека Кејт е зависник од вежбање и дека екстремно многу време минува грижејќи се за својот изглед. Војвотката вежбаше во Кенсингтонската палата со својата сестра Пипа, со која правеше екстремни кардио-тренинзи, подигање на карлицата, дијагонални и обратни исчекори, стомачни, чучњеви, мост и склекови.