Оваа баба е херој на Италија: На 95 години го победи коронавирусот, нејзината приказна враќа надеж
Во морето лоши информации кои секој ден ни стигаат од Италија, се појави и една убава вест дека баба од 95 години победила во борбата со коронавирусот.
Алма Клара Корсини, од Фанано во Медена, е најстариот пациент во Италија кој се излечил од коронавирусот кој секој ден однесува по илјадници човечки животи ширум светот.
Старицата е примена во болница на 5. март, а сега целосно е оздравена откако нејзиното тело покажа „одлична реакција“ на терапијата.
На многумина им даде надеж и сега се врати дома.
https://www.facebook.com/comunitaitalianapage/photos/a.152780494786706/2985705094827551/?type=3&theater
На социјалните мрежи се појавија слики на кои се гледа бабата и лекарите кои ја лекуваа, со насмевка на лицето, зошто од битката со вирусот излегле како победници.