Оваа баба дига тегови и им пркоси на критиките дека жени во шестата деценија не изгледаат секси во бикини (фото)
58-годишнината Тери Коултер од Тенеси работи како личен тренер. Секогаш живеела во активно опкружување.
Како дете, таа секој ден јавала, игрла одбојка, возлеа велосипед и пешачела. Кога беше на 20 годишна возраст, таа беше тешка 50 килограми и носела конфекциски број 36.
„Завршив со дипломирањето и го намалив вежбањето. Еден ден со сопругот поставивме заштитна ограда, па ми требаше алатка додека ја местевме. Почнав да трчам околу куќата за да стигнам до работлиницта и останав во шок, бидејќи снемав кондиција и не можев да земам здив. Тоа ме вознемири и повторно се вратив на вежбањето “, рече Коултер.
https://www.instagram.com/p/Bp0Fq1qBTU3/?utm_source=ig_embed
Како што вели, во рана возраст луѓето не сфаќаат колку брзо можат да излезат од форма и да не размислуваат за она што го јадат. „Работев напорно и останав бремена. Станав домаќинка. Кога синот ми беше една година, почнав со часови по аеробик. По осум години, добив работа, се откажав од аеробикот и почнав да трчам “, додава таа.
https://www.instagram.com/p/Bmy57dWHVWi/?utm_source=ig_embed
Поради нејзиниот натпреварувачки дух, наскоро почна да учествува во трки. Отпрвин трчаше пет километри, па десет, а потоа се пријави за полумаратон .
Во 2010 година, таа го оперираше коленото и докторите ја советуваа да престане да вежба. Гледајќи телевизија, таа одлучи да се обиде да крева тегови.
„Често слушав дека бикини не се за жени постари од 50 години. Зошто? Во споредба со 30-годишната ќерка, ние сме во подеднакво добра форма “, вели Коултер.
Нејзиниот совет за секој кој сака да ја задржи младешката фигура е дека не треба да престане да се движи.
https://www.instagram.com/p/BoCjrjRHC5f/
„Ако седите цел ден, поставете го алармот и станете некој час порано. Научете да користите тегови со помош на тренери кои ќе ве обучуваат. Тоа ќе ве зајакне.“
„Бидете опкружени со луѓе кои мислат како вас. Можеби ќе треба една или две години, но времето лета. Започнете сега, нема да зажалите “, вели таа.