Објавена последната песна на пејачот Маринко Роквиќ – како да ја претчувствувал болеста, потресните стихови кинат душата!
Песната беше објавена на каналот на Никола Роквиќ, во 11 часот истиот ден и час кога замина.
Една година по cмpтта на пејачот Маринко Роквиќ семејството одлучи да ја претстави неговата последна песна…
Помина точно година дена откако пoчина познатиот пејач Маринко Роквиќ кој боледуваше од тешка болест.
Јавноста речиси и да не знаеше дека пејачот е бoлен. Тој последните денови од животот ги помина заедно со сопругата Славица и синовите Никола и Марко. И токму година дена по неговата cмpт семејството одлучи да ја претстави неговата последна песна под името „Таа ноќ кога ќе умpaм“.
„Легендите никогаш не умираат! Можеби само некогаш ќе скокнат до другите светови и таму ќе ја однесат љубовта, радоста и искрената емоција! Со гордост ви ја најавувам последната песна на нашиот татко Маринко, песна која што ја снимаше неколку месеци пред да открие дека е болен! Песната ќе ја слушнете на 6.11 во 11 часот, баш на денот и часот кога замина“, напиша синот на Маринко, Никола Роквиќ, на својот профил на социјалните мрежи.
Потсетуваме, Маринко Роквиќ пo-чина на 6 ноември во 68-та година, откако водеше битка со тешката болест.
Зад себе остави тројца синови, внуци и сопругата Славица, но и бројни хитови заради кои никогаш нема да биде заборавен.
Неговиот глас се слушаше далеку, а неговите песни како „Скитница“, „Ти за љубов не си родена“, „Три во една“, и многу други беа големи хитови во целиот регион и ќе останат засекогаш да се пеат на веселбите.
Сопругата му ја исполни последната желба
Маринко и Славица беа во брак од 1985 година, од кој ги добија синовите Никола и Марко кои беа со него до крајот.
Како што објавија тогаш медиумите, Маринко не сакал да оди во болница, туку свесен дека е тешко болен и дека му се ближи крајот, изразил желба да yмpе дома. Неговите најблиски оваа желба му ја испочитуваа, а сопругата Славица беше постојано со него, до неговиот последен здив.
И бидејќи таа по струка е здравствен работник, Маринко ја имаше најдобрата нега во најтешките моменти.
Песната слушнете ја на крајот од галеријата…
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Јутјуб