Нуркачот што заврши во устата на огромен кит откри како успеал да преживее (видео)

ADVERTISEMENT

Нуркачот Рајнер Шимп на брегот на Јужна Африка, за време на снимањето ајкули жив го вшмука огормен кит, пишува news.com.au.

51-годишниот Рајнер, инаку снимател на животни и водич на нуркачки излети, открил дека се обидувал да сними ајкула, и во еден момент се околу него потполно се стемнило и тогаш сфатил дека се наоѓа во устата на огромен кит.

ADVERTISEMENT

„Ништо не може да ве подготви за ова, реагирате инстинктивно. Тоа се случи многу брзо. Одеднаш стана темно. Почувствував притисокот на колкот и веднаш знаев дека ме фатил кит. Во такви ситуации не постои време за страв”, вели тој за медиумите.

Веднаш штом сфатил во каква ситуација се нашол, вели тој, го задржал здивот, стравувајќи дека китот ќе нурне заедно со него и ќе го плукне далеку под површината.

 

ADVERTISEMENT

„Во следниот миг почувствував како се врти, притисокот попушти и водата ме извади од неговата устата и излегов на површината”, вели Рајнер.

Други нуркачи потврдија дека ова беше случајна несреќа и дека китот не го нападнал намерно. „Кога излегуваат на површината со отворена уста, не гледаат што е пред нив, можно е дека помислил дека тоа е делфин. Тие не се човекојадци. Ова не беше напад, китови се многу чувствителни, тие се нежни џинови”, вели нуркачката Клаудија Вебер-Геберт.

 

Инаку, целиот инцидент беше фотографиран од колегата фотограф на Рајнер, Хајнц Топерцер.

Facebook Comments
(Visited 713 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT