Нов Кајмакоски во „Ѕвездите на Гранд“: Цеца воодушевена од него, ШЕРИФОВИЌ НЕ ГО САКА во својот тим (фото)
Дарко Ѓорѓески има 23 години и живее во Австрија…
Претставниците на жирито посебно беа изненадени што Ѓорѓески е аматер и досега никогаш не пеел пред публика и не се натпреварувал во ниту едно музичко шоу од ваков формат …
Младиот натпреварувач кој специјално од Австрија дојде во Белград за да учествува во шоуто имаше одличен настап.
Од претставниците на жирито, популарната фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ и рокерот Ѓорѓе Давид веднаш беа воодушевени од него и први му дадоа глас.
Тие посебно беа изненадени што тој е аматер и досега никогаш не пеел на сцена и не се натпреварувал.
Дарко најпрво за свој ментор ја избра Марија Шерифовиќ, но таа реши да го одбие по што Дарко заврши во тимот на Цеца.
„На мене ми е интересно само тоа што ти досега никаде се немаш натпреварувано, но начинот на кој пееше за мене е малце софт. И се гледа дека тоа е новонастанатиот начин на пеење, а поприлично и неточно. Не знам.., ама не, извини“, се изјасни познатата пејачка пред камерите.
Тој потоа доби прилика да избере друг ментор, по што ја избра Цеца.
„Мој си“, му одговори таа како од пушка.
Како Дарко изгледаше на сцената, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд