LIFESTYLEВирално

Ново лудило се шири, сопствениците одбиваат да ги вакцинираат миленичињата поради страв од аутизам

Advertisement

Општо е познато дека има големи противници на вакцинација поради страв од аутизам.

Advertisement

Многу родители одбиваат да ги вакцинираат своите деца, иако повеќе научни истражувања ги потиснале ваквите тврдења. Текстовите за стравот од вакцина и нивната поврзаност со аутизмот низ социјалните мрежи се шират со брзината на светлината.

Но, изгледа дека загрижените родители не се единствената група што се спротивставува на овие работи. Порталот „The Intellectualist “ вели дека многу сопственици на домашни миленичиња побарале од Британската ветеринарна асоцијација да одговори на прашањето дали кучињата можат да страдаат од аутизам.

Покрај Велика Британија, оваа теорија за вакцини се шири и во САД. Британската ветеринарна асоцијација тврдеше дека проблемот се појави во Америка и ги потсети своите граѓани да го игнорираат овој нов тренд и на стравот на американските сопственици на миленичиња.

Advertisement

Тие истакнаа дека во моментов не постојат научни докази кои сугерираат дека има аутизам кај кучињата и дека тоа е поврзано со вакцинацијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button