Ново истражување: Короната не се задржува на лебот, овошјето…ВНИМАВАЈТЕ на овие површини може да остане и до три часа
Центарот за вирусологија во Бон им ги соопшти првите резултати од истражувањето на вирусот, за да можат најдобро да ја проценат ситуацијата.
Според лекарите од Центарот за вирусологија во Бон коронавирусот не останува во воздухот, значи дека не може да се вдишува, не останува на овошје, зеленчук, леб…
Па според нивнотот истражување главниот пат на пренесување е преку капки. Ова може да се случи преку директен контакт со некоја личност, а често преку рацете, со допирање на носот, лицето по контакт со заразено лице.
На површини како пластика, метал, тој останува максимум три часа затоа што се суши, додека во вода останува подолго. За коронавирусот се вели дека долго време може да се задржи во тоалетот, мијалникот, кујната или на сите влажни површини бидејќи влагата го продолжува неговото постоење.
Она што граѓаните треба да го знаат е дека останува и на облеката, но не се дефинирани случаи на зараза преку облека, а овие експерти дури ја исклучуваат можноста. Единствениот докажан метод на пренесување е директен контакт со заразеното лице.
Носењето маски и ракавици е индивидуална работа, но нема потреба од тоа, ако одржувате доволно растојание и ако редовно ги миете рацете по доаѓањето дома.