Ново видео од драмата со момчето што го вадат од под рушевините – еден дел од телото му е заробен, спасителите се обидуваат да го извлечат
Дали и вие ги почувствувавте земјотресите?
Ова утро два силни земјотреси ја погодија Албанија, а потресите се почувствуваа и во сите околни држави.
Силните земјотреси се случија во рок од три часа, а имаше и 15-на други, но со изразито помала јачина.
Како што пренесуваат медиумите, има и најмалку три жртви, додека повеќе од 150 луѓе се повредени.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како спасителите од рушевините се обидуваат да извлечат дете. Долниот дел од телото се уште му е под рушевините, па луѓето се обидуваат да му помогнат.
#Earthquake #moment #children #Albania ?? pic.twitter.com/hmgjUXMv4M
— Endri (@endriarizi) November 26, 2019
Земјотресот се случи во темница, па албанските спасители со светилки се обидуваа да им помогнат на повредените кои се најдоа под рушевините.
Има и неколку срушени згради, а две од жртвите се жени, во Драч, а една во местото Тумане, во близина на Драч.
Додека мажот го држи момчето во рацете, изгледа како да разговара со некој од под рушевините.
Но на видеото не може да се види добро дали има уште некој што останал заробен под рушевините.
#Earthquake #moment #children #Albania ?? pic.twitter.com/hmgjUXMv4M
— Endri (@endriarizi) November 26, 2019
Да потсетиме, Албанија во раните утрински часови ја погодија два силни земјотреси од 6.4 и 6.5 степени.
Ова се едни од најсилните земјотреси во Албанија во последните 30 години, пренесуваат медиумите.
Албанскиот премиер Еди Рама пристигна во Драч кој беше најмногу погоден од земјотресот и каде има најмногу жртви и е направена најголема материјална штета.