Новороденче стана најмладиот пациент заразен со коронавирус – вирусот потврден, но се уште не е познато како се заразило бебето
Бебето заразено со коронавирус е родено на 2 февруари во Вухан, епицентарот на заразата со вирусот, јави кинеската информативна агенција Хинхуа.
И неговата мајка пред да се породи доби позитивен тест на коронавирус, но се уште не е јасно и не може со сигурност да се каже дали бебето е заразено пред или по раѓање.
Според статистиките од коронавирус досега се заразени 28.018 лица, од кои помал број се деца. Од заразените 565 лица досега го изгубија животот, и сите овие трагични случаи, освен еден, се забележани во Кина.
Новороденчето заразено со коронавирус при раѓањето тежело 3.25 килограми и сега е во стабилна состојба, но под силен надзор во болницата.
Како се зарази бебето?
Според медицинските лица можно е бебето да го собрало вирусот уште додека било во стомакот на мајката.
„Овој случај не потсетува дека мајката може да му го пренесе вирусот на детето“, вели главниот неонатолог во детската болница во Вухан, Зенг Лингконг. Но исто така не е исклучена и можноста бебето да било заразено веднаш по раѓањето, за време на првиот близок контакт со мајката.
Дали деца се заразуваат од вирусот?
Според досегашните испитувања засега многу малку деца се позитивни на коронавирус, и тоа е во склад и со претходните зарази со коронавируси како што се Сарс и Мерс.
Според списанието на Американското медицинско здружение (Journal of the American Medical Association – JAMA) во научен текст посветен за коронавирус се наведува дека средишна возраст на заразените е измеѓу 49 и 56 години, а заразата кај децата е многу ретка. Слично беше и со претходните зарази од коронавирус, но се уште не се знае зошто е тоа така.
Инаку, пред новороденчето од Кина, претходно најмладото заразено лице од овој вирус беше осуммесечно бебе од Сингапур и едно осумгодишно дете од Вухан кое моментално се наоѓа во Австралија.
Вирусот се рашири речиси низ целито свет и потврден е во 26 земји во вкупно 191 случаи. Досега животот го изгубиле во главно постари лица со една или повеќе болести покрај онаа предизвикана од коронавирус.